Досега за влез беше доволен само негативен тест, без обврска на неговиот датум на добивање
Од денеска се заострени условите за влез во Црна Гора за странските државјани поради епидемиската состојба. Задолжително е ПЦР тест не постар од 72 часа или брз антигенски тест не постар од 48 часа.
Досега за влез беше доволен само негативен тест, без обврска на неговиот датум на добивање.
Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата докази – негативен тест или дека лицето е целосно вакцинирано со пропишаниот број дози на вакцина против коронавирус и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза.
Влезот е возможен со доказ дека лицето е заразено со ковид-19, дека поминале не помалку од 10 дена и не поминале повеќе од 180 дена од позитивен ПЦР или брз антигенски тест.