Бандата далтони составена од Бучковски, Османи, Димитров и Заев се откажа од придавката македонски, ќе одговараат за велепредавство, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.
– Не постои друга земја во светот во која што премиерот на онаков ноншалантен и лаконски начин се откажува од идентитетот и од придавката за која што се бореле илјадници македонци и го дале својот живот. Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката „македонски“ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија – рече тој.
Оттука, додаде Пандов, заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
– Оттука тврдиме дека оваа банда далтони која што во моментот одлучува за македонската судбина, за македонската сегашност и македонската иднина немаат мандат и не смеат да одлучуваат за македонската иднина. Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија – изјави Пандов.