Од среда, 17 април, „Нова Македонија“ ќе започне со објавување серија одговорени прашалници од нашите претседателски кандидати, според прашања поставени од Марсел Пруст, еден од најславните писатели на 20 век.
Пруст е познат по својата интроспективна природа и способноста во своите описи „да ја фати“ суштината на човековата природа и искуство. Имено, тој составил прашалник како начин да стекне што подлабок увид во човековата личност. Овој пат на прашалникот ќе одговорат нашите претседателски кандидати. Прустовиот прашалник е тест за личноста, кој се користи повеќе од еден век за подобро разбирање на себе и на другите.
Редакцијата е длабоко уверена дека граѓаните на Македонија ќе добијат една поинаква слика за кандидатите и ќе го пополнат мозаикот за да го дадат гласот за кандидатот што според нивната перцепција е најблиску до идеален за претседател на Македонија.
Ваша „Нова Македонија“
Прочитај повеќе!