Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометната федерација на Македонија приреди ракометен спектакл во СЦ „Борис Трајковски“. Новата спортска година почна со натпревар во кој се соочија оние кои ја градеа ракометна Македонија и оние кои допрва треба да покажат дека местото им е меѓу најдобрите. РФМ им оддаде почит на иконите на македонската репрезентација, играа против актуелните репрезентативци, кои за неколку дена ќе ги бранат боите на Македонија на Светското првенство во Полска.

Шоуто кулминираше и со музичка забава за која беа задолжени познати ѕвезди, а го водеше Сашко Коцев.

Мечот на крајот заврши со победа на Македонија, а актуелните репрезентативци ги совладаа ветерените со 25-21. Резултатот на полувремето беше 12-12.

Во пресрет на мечот, за време на официјалното претставување на играчите, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, заедно со генералниот секретар Филип Милошевски им доделија врамени дресови на сите во тимот.

На клупата на ветераните на Македонија седна човекот кој го одведе тимот до најголемиот успех Звонко Шундовски, како и легендата Илија Темелковски. Како официјални лица на натреварот, РФМ ги постави легендарните Марјан и Драган Начевски.

Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.