Со натпреварот помеѓу играчите од САД и остатокот на светот во Чикаго започна Ол стар викендот. Мечот наречен „Ѕвезди во подем“ заврши со победа на САД 151:131. Ова беше шести пат на Ол стар викендот да се игра натпревар во ваков формат, резултатот сега е израмнет на 3:3.
Селекцијата на САД одлично го одигра второто полувреме кое го доби со 80:50 со што ја надополни негативата од десет поени по првиот дел.
Наградата МВП на мечот му припадна на кошаркарот на Шарлот Хорнетс Мајлс Бриџис кој забележа 20 поени, по пет скока и асистенции и три украдени топки.
Бриџис (21) во 2018 година беше 12 пик на ЛА Клиперс но веднаш е разменет во Шарлот.
Покрај Бриџис уште седум играчи на САД постигнаа двоцифрен број на поени: Ерик паскал (23), Колин Секстон (21), Тре Јанг (18), Кендрик Нан (18), Зајон Вилијамсон (14).
На спротивната страна најдобри беа Канаѓаните Ер Џеј Бенет со 27 и Брендон Кларк со 22 поени. Лука Дончиќ мечот го заврши со 16 поени, два скока и пет асистенции.
Во недела наутро на програмата се натпреварите во брзо шутирање тројки и забивање. Главниот настан, Ол стар натпреварот, ќе се одигра во понеделник од 2 часот по средно-европско време.