Под слоганот „Веруваме во зелена иднина“, а во рамките на платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, во текот на април, месецот посветен на планетата Земја, Шпаркасе Банка почнува кампања со многубројни зелени активности како дел од својата широка зелена агенда.
Кампањата ќе трае еден месец – „Green month“, а сите вработени ќе имаат ЗЕЛЕНА цел – подигнување на свесноста за ефектите од еколошката мобилност користејќи го еколошкиот возен парк на Банката, кој се состои од велосипеди, електрични тротинети и електрични возила, или движејќи се пеш од и до работа, сè со цел активно намалување на CO2 отпечатокот и заштита на планетата Земја.
– Отсекогаш сум бил поборник за здрав живот и зачувување на животната средина, и особено ми е драго што имам можност да работам во банка со колеги со кои делиме исти вредности. Sparkasse Life е нашата платформа за општествено одговорни проекти, преку која се реализира Стратегијата за одржливост. Во платформата „Sparkasse Life“ ги обединуваме сите иницијативи и активности што ги преземаме за заштита на животната средина – изјави Игор Бојковски, директор на дирекција за имот, логистика и безбедност.
Состојбата со енергетската криза Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите. Според анализата на потрошувачката на електрична енергија за периодот 2022/2023 година, направена е заштеда на повеќе од 200.000 киловат часови или 20% помала потрошувачка на електрична енергија, односно заштита на животната средина преку намалување на емисија на CО2 за приближно 60.000 кг/годишно. Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање во 2023 година, остварено е намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 10% во вкупната набавка и потрошувачка на хартија, односно реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 3.078 кг/годишно. Банката го збогати својот возен парк со две возила на електричен погон, постави два полнача за електричните возила и дополнително набави четири е-скутери за пократки дестинации.
Во текот на зелениот месец, Банката продолжува со заложбите за трансформација на експозитурите опремени со еколошко одржливи материјали и почитувајќи ги највисоките стандарди за енергетска ефикасност, управување со ресурси и отпад, исфрлање од употреба на пластика на работното место, поставување корпи за рециклирање низ централите и експозитурите за остварување позитивни ефекти и подобрување на влијанието на Банката врз околината.
За заокружување на кампањата, Банката ќе спроведе уште една зелена активност – засадување дрвја на места за пошумување во координација со организацијата „Мен енд маунтен“ и на тој начин ќе дадe дополнителен и многу значаен придонес во подобрување на животната средина, како и позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.
Комерцијална објава