фото: Пекселс

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4,8 oтсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 отсто, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2,4 отсто.

Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.