Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2,6 отсто, а индексот на цените на мало од 2,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0,6 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,1 отсто, Облека и обувки за 1,5 отсто, Рекреација и култура за 1,4 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто, Здравје за 0,4 отсто и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0,7 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1,6 отсто.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 отсто.