Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,5 %), Информации и комуникации (10,7 %) и Образование (10,6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5 %), Образование (5 %) и Градежништво (3,1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари.