Управниот одбор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) и Управниот одбор на АД ТЕЦ „Неготино“ денеска извршија увид во работењето на термоелектричната централа.
Термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември, и работи со половина капацитет, односно со еден котел, со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ „Неготино“ и третиот блок во РЕК „Битола“.
Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции.
Генералниот директор на АД ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, изјави дека термоелектраната континурано работи веќе 10 дена и не очекува проблеми во следниот период, како и дека во план е целосно да се реализира договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ во однос на производството на електрична енергија од овој капацитет.