Фото: Игор Бансколиев/ Илустрација / Архива

Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ) денеска објави мерки за брзо намалување на потрошувачката на нафта. Ова доаѓа во момент кога светот се соочува со последици поради војната во Украина, јави Бета.

Русија е голем извозник на енергија. Ситуацијата околу Украина доведе до големи промени во цените на енергијата.

МАЕ издвои 10 мерки, што би требало да ја намалат потрошувачката на нафта за 2.7 милиони барели дневно, во наредните четири месеци, што е еднакво на потрошувачката на сите автомобили во Кина.

Планот од 10 точки се фокусира на транспортниот сектор. Се предлага намалување на дозволената брзина на автопат за најмалку 10 километри на час, работа од дома до три дена седмично, како и во недела да не се возат автомобили во градовите.

Предложено е и да се намали цената на јавниот превоз и да се поттикне пешачењето и возењето велосипед.