Фото: Влада

Со врачување на благодарници и признанија на вработените на РЕК „Битола“ и сите подружници, кои работаат во рамките на ЕСМ, денеска во најголемиот електроенергетски комбинат во државата премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеси, генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година.
На настанот беа доделени благодарници за вработените кои работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
Премиерот Ковачевски обраќајки им се на присутните на свеченоста истакна дека во услови на светска криза е зголемено домашното производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60 отсто производство на електрична енергија, во целост, односно 100 проценти обезбеди струја за домакинствата и за малите потрошувачи.

-Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од планот за справување со енергетската криза. Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрицна и топлинска енергија беше фокусот во планот што го изработи и спроведе економско-енергетскиот тим. Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Да сублимирам, во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот – рече Ковачевски.

Бектеши рече дека Министерството за економија како надлежна институцијата за енергетскиот сектор во државата од почетокот на грејната сезона работеше секојдневно со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и носеше мерки се со цел успешно пребродување на енергетската криза.

-Можам да кажам дека сите заедно успеавме во тоа. Сега пред нас стојат нови предизвици, а тоа е пред се енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност. Во наредниот период ке продолжиме да работиме засилено и посветено во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што ке донесе поголема независност. Потрошивме најмалку средства споредено со земјите од регионот за справување со енергетската криза и обезбедивме непрекинато снабдување со електрична енергија за домакинствата и компаниите. Така ке продолжиме и понатаму – рече Бектеши.

М.М.