Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Вечер од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 93,00 (денари/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) / 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС / 53,343 (денари/килограм)
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.