Според првичните резултати во четвртиот квартал, економијата на Италија влезе во рецесија, што воедно е првпат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне.

Италијанската економија забележа пад од 0,2 отсто во последниот квартал од минатата година, а тоа по намалувањето од 0,1 процент во претходниот, трет квартал, значи влез во рецесија.

Италија е една од најголемите европски економии и во текот на 2018 година имаше многу проблеми, поради што се создаде страв од повторување на судбината на Грција.