Цените на нафтата скокнаа денеска за два отсто бидејќи американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда.

Некои трговци прогнозираат дека цената на „црното злато“ ќе оди дури и до 100 долари за барел.

Северноморската нафта „брент“ ја достигна највисоката цена од мај оваа година, од 80,47 долари за барел, што е скок од 1,63 долари или за преку 2,0 проценти, пред незначително да се спушти на околу 80,40 долари на утринското тргување во 7:30 часот по ГМТ.