Покрај претходно изградениот капацитет од областа на автомибилската индустрија на американската компанија за воздушни перничиња КСС, сега под новото име ЏОЈСОН, во ТИРЗ Кичево, наскоро ќе почне изградбата на уште еден стопански капацитет, во кој според најавите се очекува да се вработат над 800 работници.
– Во ТИРЗ Кичево, наскоро ќе започне изградбата на новата фабрика од областа на автомибилската индустрија, каде ќе се вработат над 800 невработени лица. Сите детали се завршени и наскоро ќе биде обзнането името на компанијата, што ќе го гради овој стопански капацитет. Наша интенција е во новиот капацитет платите да бидат што повисоки и на тој начин да имаме и задоволни работници. Инаку со претходно изградената фабрика од истата област, во ТИРЗ Кичево ќе има вработено над 2.000 работници, што ќе придонесе за намалување на невработеноста и она најважното што помало иселување на младите од општината, што последните неколку години незапирливо тече – најави министерот за економија Крешник Бектеши.