На првите натпревари од третиот ден од Светското првенство во ракомет (СП) во Данска и Германија, репрезентативците на Чиле со убедливи 32:24 ја добија Австрија во првиот денешен натпревар од групата Ц која се игра во Хернинг во Данска.
Во терминот од 15:30 часот започна и натпреварот од групата А во Берлин, каде Русија со сигурна игра ја совлада репрезентацијата на Кореја со резултат 34:27.
Денес на СП се закажани и натпреварите на Норвешка и Кореја во 17:30 часот, домаќинот Германија ќе се сретне со Бразил од 18:15 часот, во 20:15 ќе играат Данска и Тунис, а денешното коло го затвораат Франција и Србија во 20:30 часот.
Македонската репрезентација го продолжува настапот на СП утре во 14 часот, кога ќе се сретне со Бахреин во Минхен.