Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите. Се разгледува можноста за прецизирање на роковите за поврат кога Управата за јавни приходи врши контрола во компанијата.
Од Министерството за финансии посочуваат дека кај нас рокот за поврат на ДДВ е 30 дена, без оглед на тоа дали се врши контрола во компанијата. Во соседните држави рокот е подолг. Во Грција изнесува 90 дена, а во Албанија 60 дена. Во Хрватска рокот е ист како кај нас, но ако се врши контрола во компанијата, тој се продолжува на 90 дена.
Годинава, според податоците на Министерството за финансии, за поврат на ДДВ се исплатени 34,2 милијарди денари. Најголем износ е исплатен во 2022 година, кога повратот на ДДВ достигнал рекордни 44,7 милијарди денари.
Од Министерството за финансии уверуваат дека исплатата на повратот на ДДВ се одвива без проблеми за компаниите кај кои не се утврдени неправилности.
Се разгледува можноста за прецизирање на роковите за поврат кога Управата за јавни приходи врши контрола во компанијата.