Дел од куќа во Прилеп изгоре во пожар што избувна, од засега непознати причини. Станарите не биле во куќата кога избувнал пожарот и нема повредени, информираат од прилепската противпожарна единица.
Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица, во 17:15 часот во единицата бил пријавен пожарот, но е навреме локализиран.
– Една просторија во куќата на улицата „Републиканска“ број 25 е опожарена од засега непознати причини. Нема повредени, зашто семејството не било дома. Веднаш е интервенирано и пожарот е локализиран и изгаснат. Има материјална штета, но допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот – изјави Николоски.
Увид на местото на пожарот направи полицијата.