Фото: ОК Газели Волеј

Скопско дерби меѓу куп-освојувачот ЖОК Вардар ЕМ и Газели Волеј заврши со победа на „газелите“ 0:3, или по сетови: 20:25, 21:25, 25:27. Во дерби натпреварот од третото коло на домашното првенство двата тима влегоа со резултат „два од два“, при што во воведните натпревари понудија одлични натпревари. Поради тоа очекувањата од овој дуел беа големи, дека ќе донесе неизвесност и интересен меч, со голема борба за да се задржи статусот на непобедлив состав.

Гостинската екипа покажа квалитет, одигрувајќи два стабилни сета со минимален број грешки против искусен и квалитетен противник.

Падот на концентрацијата во третиот сет му дозволи на противникот поголем простор за игра, доведувајќи ја екипата на Газели Волеј во ситуација да брани две сет-топки при резултат 24:22. Во клучните моменти повторно „газелите“ одиграа концентрирано и максимално борбено, завршувајќи го мечот во 3 сета!