Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Учеството на европски претставници во планираните мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД ќе биде потребно во одредена фаза од процесот, иако досега за тоа не се водени детални разговори – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков се осврна и на реториката на балтичките земји кон Русија, оценувајќи ја како „хистерично агресивна“.

– Очигледно е дека реториката на балтичките земји е исклучително агресивна. Очигледно е и дека е хистерично агресивна – додаде тој.

Во врска со хуманитарната операција во Олешки, Песков рече дека Русија ги поздравува и ги поддржува напорите на првата дама на САД, Меланија Трамп.
– Меланија Трамп доследно работи во хуманитарната сфера. Тоа е многу позитивно, ние го поддржуваме и го поздравуваме, изјави тој.

Во однос на можноста за проширување на слична практика и во други градови, Песков нагласи дека секоја ситуација бара индивидуален пристап.

Според портпаролот, Москва, исто така, забележува обиди на Украина да ги попречува руските интереси во Африка.

– Навистина има такви обиди. Русија прави сè што е потребно за да им се спротивстави. Тоа ѝ штети на цела Африка. И, секако, им штети и на интересите на Русија. Тоа е многу деструктивна активност – рече Песков, додавајќи дека „таму се води многу сериозна борба“.