Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември годинава бележи значителен раст од 24,1 процент номинално и 19,4 проценти реално во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Раст на прометот е регистриран и во трговијата на мало со автомобилски горива. Во оваа категорија номиналниот пораст изнесува 38,7 проценти, додека реалниот е 12 проценти.
Наспроти позитивните движења кај храната и горивата, трговијата на мало со непрехранбени производи, без горивата, бележи пад. Номиналниот промет е намален за 13,9 проценти, а реалниот за 9,2 проценти.
На ниво на вкупната трговија на мало, без трговијата со горива, е забележан пораст на прометот од 3,9 проценти номинално и 4,7 проценти реално, во однос на септември минатата година.































