Илустрација / Фото: „Нова Македонија“

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Илинден.

Од 8:25 до 11:25 часот без струја ќе бидат улиците Зеничка и Коце Металец, а во периодот од 11:25 до 14:25 часот потрошувачите од ул. Душан Тасковиќ и Тајмиште во општина Гази Баба.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците на ул. Ѓорѓи Капчев во општина Аеродром, а од 9:00 до 10:30 часот дел од ул. 1,Визбегово и ул. Камени Мост и некои од објектите на фирмата „Семата“ во општина Бутел.

Без електрична енергија во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе останат и корисниците во Дрво Декор во Драчево, додека од 12 до 14 часот улицата „Коста Новаковиќ“ од маркетот ЗУР до крај на улицата во општина Кисела Вода.

Од 11:00 до 12:00 часот струја ќе немаат потрошувачите од ул. 532 во Марино во општина Илинден.