На фестивалот „Ѕвездички 2026“
Викендов на сцената на „Националната опера и балет“ во Скопје се одржа 26. издание на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“.
Настапија седумнаесет учесници од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грузија, Украина, Израел и од Узбекистан.
Азиза Умарова од Узбекистан е добитничка на највисокото признание гран при. Таа настапи со песната „Поблиску“, а нејзиниот талент, прекрасната изведба и сценскиот настап ги освоија вниманието и срцата на публиката.
– Честитки, Азиза! Ти посакуваме уште многу успеси, аплаузи и блескави моменти на големите светски сцени! – велат организаторите.
„Ѕвездички“ повторно ги обедини младите таленти од светот, докажувајќи дека музиката нема граници, а вистинскиот талент зборува на сите јазици!
Ф.Д.
































