Фото: Маја Јаневска Илиева

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со услови за локални врнежи од дожд во северните делови од земјава. На повисоките планини дождот ќе преминува во повремен снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 9 до 17 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, со услови за дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 13 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време. Услови за врнежи од дожд ќе има главно во северните делови од земјава, додека на повисоките планини се очекува повремен снег. Умерен ветер од северозападен правец ќе дува низ земјава, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен. Услови за врнежи ќе има и во петок и за време на викендот.