Шефот на ОН за климатски промени предупредува
Екстремната топлина претставува „зголемен ризик за време на бременоста“, рече Сајмон Стиел, раководител на програмата на ОН за климатски промени, во говорот на состанокот пред КОП31 на Фиџи. Зголемените температури се поврзани со зголемен ризик за време на бременоста. Екстремните топлотни бранови поврзани со климатските промени за време на бременоста сè повеќе се поврзани со предвремени породувања, мртвородени деца, мала родилна тежина и компликации кај мајката.
Ризиците за бременост предизвикани од топлината, а со тоа и климатските промени, се документираат сè попрецизно, иако сè уште нема сите одговори на многу прашања за физиолошките механизми што ги објаснуваат. Голема студија објавена во 2024 година во списанието „Нејчр медицин“ дава преглед на моменталната состојба на знаењето: високите температури зголемуваат повеќекратни ризици, од предвремени породувања и смртни случаи кај новороденчиња до вродени дефекти.
Во својот говор Стиел се осврна на анкета во која беа интервјуирани експерти за мајчиното здравје во пет земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Австралија, Обединетото Кралство и Бразил. Според него, 73 проценти од анкетираните експерти пријавиле зголемување на случаите или компликациите поврзани со топлината поради екстремните топлотни бранови што ги погодуваат бремените жени во текот на изминатите пет години.
– Сепак, за милиони луѓе тоа станува извор на вознемиреност, бидејќи екстремните топлотни бранови и другите катастрофи поврзани со климата ги оптоваруваат здравствените системи и ги загрозуваат основните ресурси како што се храната, водата и електричната енергија. Климатските промени во никој случај не смеат да се користат за оправдување за намалување на безбедноста на бременоста и породувањето – изјави Сајмон Стиел.

































