Во празничните денови се очекуваат зголемена облачност, врнежи од дожд и грмежи

Циклон над централниот Медитеран

Циклон се засили над централниот Медитеран од вчера, што ќе предизвика силно јужно струење кон нашето подрачје, со прилив на многу топли воздушни маси од Медитеранот. Уште денес ќе биде сончево и потопло.
А утрата сè уште ќе бидат ладни и магливи во долините и котлините.
Но, веќе во ноќта меѓу среда и четврток ќе има минливи облаци со дожд и врнежи од дожд.
В четврток попладне и навечер, времето нагло ќе се влоши. Се очекуваат зголемена облачност, врнежи од дожд и грмежи, а југоисточниот ветер ќе го промени правецот во силен северозападен. Се очекува и пробив на студен фронт, со позначајно заладување. В петок ќе биде значително посвежо за 10 степени, а се очекува дождливо и вистинско есенско време.
Веќе за викендот, времето ќе се стабилизира, а максималната температура ќе биде до 20 степени. Инаку, просечната максимална температура за овој дел од октомври е од 16 до 20 степени.