Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од полноќ се намалуваат цените на бензините, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат.
Според новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 96 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 98 денари за литар. Двата бензина поевтинуваат за 2,5 денари за литар.
Од друга страна, цената на дизелот се зголемува за два денара и од полноќ ќе изнесува 99 денари за литар. За исто толку поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 110,50 денари за литар.
Промена има и кај мазутот. Неговата малопродажна цена се зголемува за 1,837 денари за килограм, па новата цена ќе изнесува 53,579 денари за килограм.
































