Илустрација / Фото: Маја Јаневска -Илиева

Собранието, денеска, во рамките на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.

Во рамките на 126. седница пратениците ги донесоа и Законот за државната ревизија и одлуката за испраќање припадници на АРМ во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Собранието продолжува со работа по 125. пленарна седница, пренесува МИА.