РАКОМЕТ – СПОРЕД ЕХФ
- Високо, на четвртата позиција котира и вториотмакедонски претставник, скопски Алкалоид
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави рангирањето на најголемите фаворити во Европскиот куп за 2026 година, а на првото место се најде ГРК Охрид од вкупно 64 екипи. Зад македонскиот претставник е швајцарскиот клуб БСВ Берн формиран во 1959 година, а потоа следува клубот од Романија, Потаиса Турда, кој е основан во 2000 година, пишува ЕХФ.
Како што е познато, во октомври 2024 година Потаиса Турда играше во Европскиот куп на ЕХФ токму против македонскиот претставник ГРК Охрид. И покрај тоа што Охрид победи на домашен терен со шест гола разлика (31-25), Романците, сепак успеаја да ги елиминираат охриѓани во реваншот, откако славеа со 10 гола разлика (39-29).
Високо, на четвртата позиција котира и вториот македонски претставник во ова натпреварување, скопски Алкалоид. Како што е познато, „фармацевтите“, предводени од македонскиот селектор Кирил Лазаров, веќе се радуваа на европска круна во овој куп, која ја освоија пред две години.
Третиот македонски учесник во овој куп, екипата на Бутел Скопје, е рангиран на 39-то место.
Г.И.
































