Илустрација / Фото: МВР / Архива

Во изминатотото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 2 се под контрола, а 27 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни:
Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. „Биков Гроб“ (букова, дабова шума, кривуљ и ниска вегетација);
Општина Липково: с. Стрима, место викано „Гури Куќ“ (борова шума и ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Дрен (мешана шума);
Општина Дебар: с. Горно Косоврасти, м.в. „Крушно и Вложно“ (шума).

Под контрола: 2
Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. „Калдиред“ (ниска вегетација);
Општина Куманово: депонија Краста (депонија).