Фото: ЕПА

ТЕНИС

  • На гранслем-турнирите играме натпревари во пет сета уште од самиот почеток и мислам дека токму тоа ги прави овие турнири поинакви и посебни. Јас не би менувал ништо во тој поглед и сметам дека е сосема во ред да се игра во пет сета. Но дефинитивно би го променил тоа што се игра премногу и што има толку многу турнири по ред, од недела на недела, изјави Алкараз

Карлос Алкараз ја нагласи потребата од промени во преполниот календар, а третиот светски рекет рече и дека гранслем-турнирите треба и понатаму да се играат во пет сета, бидејќи скратувањето би го оштетило наследството на четирите големи турнири во тенисот, пишува агенцијата „Ројтерс“. Иако Шпанецот им се придружи на повиците за мерки за спречување на прелевањето на натпреварите во раните часови. На Отвореното првенство на Јапонија тој рече дека одговорот не е да се разредува форматот што долго време ги дефинира најголемите награди во спортот.
– Убавината на гранслемовите е играњето во пет сета. Ако го отстраниме тоа и играме до два, го убиваме наследството на гранслем-турнирите и ги убиваме гранслем-турнирите. Играме натпревари од пет сета на гранслем-турнирите уште од самиот почеток и мислам дека тоа е она што ги прави тие турнири различни и посебни. Јас не би менувал ништо во тој поглед и сметам дека е сосема во ред да се игра во пет сета – им рече Алкараз на новинарите во Токио, пренесе „Ројтерс“.
Наместо да ги менува форматите на гранслем-турнирите, Алкараз рече дека тенисот треба повеќе да се фокусира на намалување на ангажираноста на 11-месечниот календар по сезоната во која тој беше надвор од игра поради повреда на зглобот речиси пет месеци пред неговото враќање во Њујорк.
– Секогаш велев дека тоа мора да се промени. Но дефинитивно би го променил тоа што се игра премногу и што има толку многу турнири по ред, од недела на недела – рече Алкараз.
Претседателот на АТП, Андреа Гауденци, минатата година изјави дека распоредот останува избор на играчите и дека турнејата работи на поставување јасни стимулации за да се одигра вистинскиот број натпревари во текот на сезоната, пишува „Ројтерс“. Н.М.