Во „Јадро“ е отворена изложбата „Торнинг поинт – форми на колективно дејствување“ на авторите Клелија Живковиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца, Никола Ротироти, Јуриј Грузинов и Олексиј Сај, курирана од Мелоди Робин и Алесија Симонети. Изложбата беше проследена со дебатата „Сè уште независни? Каква иднина за независната културна сцена во Европа“. Изложбата отвора простор за размислување за автономијата, самоорганизацијата, солидарноста и колективното дејствување, односно за тоа што значи денес да се минува низ бодликавите пресвртници на независното творештво. Разговорот се однесуваше на независните културни центри како простори за креација, експериментирање и средби, независните културни места нудат видливост на алтернативни уметнички практики, а наедно го поттикнуваат појавувањето на нови форми на солидарност и колективна организација. Соочени со несигурно културно финансирање и зголемена контрола врз уметничкото творештво, како овие простори можат да ја зачуваат својата слобода и да ја обезбедат својата одржливост во Европа? Преку искуствата на неколку европски места, оваа дискусија ќе ги испита економските, социјалните и политичките предизвици со кои се соочуваат, како и нивната улога во виталноста на современата уметничка сцена.
































