Фото: Пиксабеј / Илустрација

Товарен брод денеска беше погоден од непознат проектил додека пловел низ Ормускиот Теснец, при што загинаа двајца членови на екипажот, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции УКМТО (UKMTO).

Според информациите објавени од УКМТО, по нападот избувнал пожар на бродот, по што тој останал да плута без контрола. Останатиот дел од екипажот е целосно евакуиран.