Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, изјави дека се надева дека ќе игра уште една година за францускиот шампион. 40-годишниот Италијанец премина во клубот на 6 јули 2018 година, кога потпиша договор за една година со опција за продолжување за уште 12 месеци.
– Ако ПСЖ се согласи, ќе играм за тимот за уште една година. Можеби е чудно, но на 40 години имам поголема желба и амбиции да играм отколку кога бев на 20 – рече Буфон пред „Фудбал Италија“.
Оваа сезона тој одигра 13 натпревари за тимот во сите натпреварувања и прими осум гола. Пари Сен Жермен е лидер на табелата во француското првенство со 47 поени по 17 круга.