фото: Пекселс

Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска ја зголемија основната каматна стапка за 0,25 проценти, што претставува прво нејзино покачување по повеќе од три години. Со оваа одлука, каматната стапка се искачи од 3,75% на 4,00%, пишува „Ројтерс.“

Зголемувањето е директен одговор на постојано високата инфлација. ФЕД ја донесе оваа одлука и покрај отворените барања на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на каматните стапки со цел поттикнување на економијата.

Борбата со глобалниот ценовен притисок продолжува и во Европа — минатата недела и Европската централна банка (ЕЦБ) по вторпат годинава ја зголеми својата основна каматна стапка како реакција на растот на инфлацијата предизвикан од воениот конфликт во Иран.