Фото: Маја Јаневска Илиева

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, до средината на следната работна седмица ќе преовладува сончево и топло време, со слаба до умерена облачност во текот на денот.

До понеделник ќе дува северозападен ветер, кој во недела и понеделник долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина поголема од 40 километри на час. Од вторник се очекува ветерот да го промени правецот и да дува од југозапад.