Можно е во септември да има средба помеѓу украинска и руска делегација, на кој би присуствувале и американски претставници, изјави денеска Кирил Буданов, шеф на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесоа украинските медиуми и светските новински агенции.
Буданов во изјавата наведува дека Украина се стреми да ги продолжи мировните разговори предводени од САД.
-Се надевам, да, и секако и на Американците. Не можеме без нив – рече Буданов, одговарајќи на прашањето дали тоа значи директни разговори меѓу украинските и руските преговарачи.
Последната рунда трилатерални разговори меѓу Украина и Русија во кои учествуваа претставници на САД се одржа во февруари. Оттогаш, украинските и руските претставници одржаа само одделни разговори со американскиот тим.
Во меѓувреме, продолжија меѓусебните напади на Украина и Русија. Украинските сили продолжија со напади врз руската инфраструктура во Црното Море, постројки кои имаат огромно влијание врз економијата на Русија, додека руската армија, ноќта меѓу 26 и 27 август, ракетираше цели во речиси сите поголеми градови во Украина.


































