Фото: Архива

На Клиниката за ефективни болести во Скопје, вчера попладне, починал уште еден пациент, шести по ред, од западнонилска треска, изјави денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72-годишен пациент од Скопје кој има сериозни придружни заболувања.

-За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти Цана.

Пациентот бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика, и покрај сите преземени интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смртта.

Директорот Цана информираше дека до денеска, на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од клиниката.

– Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.

Во моментов, најмладиот пациент на клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба, а на Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина повозрасни пациенти.