Ален Рустемовски - Фото: МОК

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ

  • Македонија на Игрите во Таранто досега освои пет медали
Вероника Консевиќ – Фото: МОК

Македонските репрезентативци продолжија со одличните настапи на Медитеранските игри (МИ) во Таранто (Италија), а до вторникот освоија вкупно пет медали. По трите медали од македонските борачи, нова бронза за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ во борење, а боксерот Ален Рустемовски со фантастичен настап се пласира во полуфиналето, што значи дека веќе имаше загарантирано најмалку бронзен медал.
Консевиќ го освои бронзениот медал во тежинската категорија до 57 кг во слободен стил, откако во изедначена и напорна борба ја совлада српската претставничка Милица Перовиќ со 7-5. Консевиќ до борбата за третото место на МИ 2026 стигна преку репасажот, откако претходно во четврт-финалето загуби од Лидија Перез од Шпанија со 1-4. Бидејќи Перез се пласира во финалето, македонската борачка доби нова шанса за медал, која максимално ја искористи.

Со бронзата на Консевиќ, македонската боречка репрезентација стигна до вкупно пет медали во Таранто. Претходно сребрени медали освоија борачите во слободен стил Фати Вејсели и Реџеп Хајдари, а Ахмад Магомедов бронза. Успехот на македонските спортисти го надополни и боксерот Рустемовски, кој обезбеди медал (категорија до 60 кг). Во полуфиналето вчера за противник го имаше Шпанецот Марин Ернандез.
Вчера продолжија настапите и на други македонски спортисти во Таранто. На програмата беа и натпревари во фудбал (Македонија – Мароко), ракомет (Македонија – Алжир) и одбојка (Грција – Македонија), како и настапот во стрелаштво.

Најинтересните натпревари на годинашните Медитерански игри во Таранто може да се следат на МРТ 3. Г.И.