ПРВА ЛИГА ЗА МАЖИ И ЗА ЖЕНИ
Продолжија возбудувањата на екипните првенства на Македонија во шах во машка (10 екипи) и женска конкуренција (седум екипи) во Струга. Во дербито кај шахистките, бранителот на титулата Алкалоид го победи МШК Центар со 2,5-1,5 поени, а кај шахистите водечките екипи, актуелниот шампион Алкалоид и Гамбит Ассеко СЕЕ го задржаа водството со по максимални пет победи. Во следното коло, шесто, играно вчера, токму овие две екипи играа меѓу себе. Мажите играат девет кола, а жените седум кола.
Резултати, 5. коло (мажи): Гамбит Ассеко СЕЕ – Анпасан СЕШ 5-1, Алкалоид – Мулти есенс 5,5-0,5, Фламуртари – Шкупи 4-2, Гостивар – ГШК Куманово 2,5-3,5, Нов Напредок – Прилеп 2-4. Табела: Алкалоид 10, Гамбит Ассеко СЕЕ 10, Фламуртари 8, Мулти есенс 6, Нов Напредок 5, ГШК Куманово 3, Прилеп 3, Гостивар 3, Анпасан СЕШ 2, Шкупи 0.
Резултати, 5. коло (жени): МШК Центар – Алкалоид 1,5-2,5, Цареви Кули – ГШК Неготино 0,5-3,5, Прилеп – Капабланка 4-0. Слободна беше екипата на Гамбит Ассеко СЕЕ. Табела: МШК Центар 8, Алкалоид 8, Прилеп 6, ГШК Неготино 4, Гамбит Ассеко СЕЕ 2, Цареви Кули 2, Капабланка 0. Г.И.



































