Вкупно 184 велосипедисти од 23 тима утре ќе го почнат 81. издание на грантур-трката околу Шпанија, Вуелта, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Почнувајќи од Монако, велосипедистите ќе се тркаат низ Франција, Андора и низ Шпанија во потрага по црвената маичка за водечкиот во генерален пласман.
Тркачите ќе поминат 3.275 километри низ 21 етапа. Актуелниот светски шампион Тадеј Погачар ќе влезе во Вуелта како човек што треба да се победи по неговата доминантна победа на Тур де Франс годинава, но, ова ќе биде непозната територија за освојувачот на бронзениот олимписки медал, пишува ИОК.
Со само втор старт во кариерата на оваа грантур-трка, Погачар се надева дека ќе го подобри своето деби, кога во 2019 година го освои третото место, и ќе освои еден од ретките трофеи што недостигаат во неговата импресивна колекција. Секако, ќе има многу возачи што се надеваат дека самите ќе ја облечат црвената маичка и ќе му ја одземат таа чест, пишува Интернационалниот олимписки комитет. Н.М.


































