Фото: ЈП Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на
град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата
за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211
примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.