ПЛИВАЊЕ

Пливачот Никола Ѓуретановиќ ќе биде единствениот македонски претставник што ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во водени спортови, кое се одржува во главниот град на Франција, Париз, до 16 август годинава. Ѓуретановиќ ќе плива во две дисциплини, и двете во слободен стил.
Првиот настап Никола ќе го има утре во квалификациите на 200 метри слободно, каде што е пријавен со резултат 1:52,86 минута, постигнат годинава на митинг во главниот град на Хрватска, Загреб. Вториот настап, пак, е закажан за в недела, во квалификациите на 400 метри слободно каде што е пријавен со време 3:57,75 минути. Двете постигнати времиња всушност се и неговите најдобри постигнувања во овие две дисциплини, а на 400 метри е и македонски рекорд.
Во мошне силната конкуренција во базенот во Париз, Ѓуретановиќ секако ќе настојува на двата натпревара да ги постигне своите најдобри времиња, што за него ќе претставува значаен успех. Г.И.