Хамас денеска повика на целосно спроведување на планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа.
Во соопштение групата наведе дека останува посветена на планот за втората фаза од прекинот на огнот и побара целосен прекин на израелските напади, повлекување на израелските сили од Газа, отворање на граничните премини и овозможување влез на хуманитарна помош и материјали за обнова.
Хамас ги повика посредниците и земјите гаранти да ги преземат своите одговорности и да спречат прекршувања што би можеле да го попречат спроведувањето на договорот.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го отфрла планот и дека израелските сили нема да се повлечат од Газа додека Хамас не биде целосно разоружан.
Нетанјаху истакна и дека нема да прифати формирање палестинска држава во Газа или на окупираниот Западен Брег.
































