Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица, информира АМСМ.
На Табановце и Пелинце за влез во земјава се чека повеќе од еден час, додека за излез околу 30 минути. На Богородица, пак, времето на чекање за влез и излез е повеќе од еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои можност од одрони.

































