Во сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, на патот од Радишани кон Побожје, загинало 21-годишно момче, потврдил за МИА д-р Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје.
Според првичните информации, момчето кое управувало со мотоциклот, починало на лице место.
– По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот – изјавил д-р Панов.
































