Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
– На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.

































