Неколку експлозии се регистрирани попладнево на иранскиот остров Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, објави иранската новинска агенција Фарс.
Според агенцијата, погодена била областа Масан, која, како што се наведува, во изминатите денови неколкупати била цел на напади што Иран му ги припишува на САД.
Во меѓувреме, државната новинска агенција ИРНА соопшти дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, оценувајќи дека со тоа продолжува, како што наведуваат, „кршењето на примирјето од страна на американскиот непријател“.
Бушер е од особено стратешко значење, бидејќи во оваа покраина се наоѓа единствената активна нуклеарна електрана во Иран.
Нападот врз Бушер следува по претходните експлозии во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи, што дополнително ги засилува тензиите во регионот.
































