Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран „очајно сакаат да постигнат договор“.

– Едноставно не знам дали се достојни да склучат договор. Не знам дали ќе го почитуваат договорот, тоа е проблемот – им рече тој на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

На прашањето зошто Иран би нападнал комерцијални бродови ако сака да постигне договор, како што тврди, Трамп рече дека тие се малку луди

– Тие се малку луди. Малку се надвор од контрола, но сакаат да постигнат договор – очајно – рече тој.